По повод големиот државен празник, Денот на независноста, нашето училиште со гордост се приклучува во одбележување на 8 Септември – денот кога Македонија тргна по сопствен пат како независна и суверена држава.
Учениците и наставниците од ООУ ,,Кирил и Методиј” – Стајковци се потсетуваат дека независноста е темел за иднината и дека знаењето, трудот и љубовта кон татковината се најголемата сила на нашата млада генерација.
Честит празник на сите ученици, наставници и граѓани!