ООУ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Стајковци, Гази Баба

4 децении постоење – безброј успешни приказни

patronat 26 05 2025

4 децении постоење – безброј успешни приказни

Под мотото „4 децении постоење – безброј успешни приказни“, достојно го прославивме патрониот празник и 40 години од основањето на ООУ „Кирил и Методиј“ – Стајковци!
Манифестацијата беше исполнета со многу емоции, насмевки и гордост за сите генерации што оставиле белег во нашето училиште.
Благодарност до учениците, наставниците, вработените, родителите и сите гости што беа дел од оваа незаборавна прослава.
Во рамки на планираните активности по повод јубилејната прослава беше и печатење монографија, како и поставување биста на Светите браќа Кирил и Методиј.
Да продолжиме по патот на знаењето и успехот уште многу години, како сплотена и успешна заедница!
#4Децении #БезбројУспешниПриказни #ПатроненПразник #КирилИМетодиј #Стајковци