По повод 21 март – Денот на пролетта и екологијата нашето училиште активно се вклучи во одбележување на овој ден, преку разновидни активности:
Најмалите ученици од прво одделение заедно со нивните наставнички изработија креативни изработки, венчиња со цвеќиња, кои на креативен начин го прикажаа доаѓањето на пролетта.
Учениците од второ и трето одделение реализираа активности за средување и разубавување на училишниот двор со тоа што засадија пролетни цвеќиња и изработија еко пароли.
И на часот по англиски јазик учениците од трето одделение го одбележаа доаѓањето на пролетта. Тие играа Лов на богатство во училишниот двор. Бараа делови од природата бидејќи природата е нашето најголемо богатство.
Сите одделенски наставнички заедно со нивните ученици учествуваа во разубавувањето на нивните училници и катчиња така што ги украсија со креативни пролетни и еколошки декорации.
Целта на оваа активност е да ги поттикнеме учениците да ја развиваат и негуваат еколошката свест и преку сопствен пример секој од нас да покажеме колку е важно да се грижиме за нашата планета Земја, како и развивање љубов кон природата.