Слободен пристап до информации

СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
 
Во согласност со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, обезбедена е јавност и отвореност во работењето на имателите на информации и се овозможува на физичките и правните лица да го остваруваат правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.
 
Основни поими
 
  • „Иматели на информации“ се органите на државната власт и други установи и институции утврдени со закон, органите на општините, на градот Скопје и на општините во градот Скопје, јавните установи и служби, јавните претпријатија и правни и физички лица кои вршат јавни овластувања и дејности од јавен интерес утврдени со закон.
  • „Информација од јавен карактер“ е информација во  која било фирма која ја создал и со која располага имателот на информацијата, односно со неа располага само имателот на информацијата, согласно со неговите надлежности.
  • „Барател на информација“ е секое правно и физичко лице без дискриминација по која било основа, на начин и под услови утврдени со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
 
Исклучок од слободен пристап до информации
 
Имателите на информации можат да одбијат барање за пристап до информација во согласност со закон ако информацијата се однесува на:
1. информација која врз основа на закон претставува класифицирана информација со соодветен степен на класификација;
2. личен податок чие откривање би значело повреда на заштитата на личните податоци;
3. информација чие давање би значело повреда на доверливоста на даночната постапка;
4. информација стекната или составена за истрага, кривична или прекршочна постапка, за спроведување на управна и на граѓанска постапка, а чие давање би имало штетни последици за текот на постапката;
5. информација која ги загрозува правата од индустриска или интелектуална сопственост (патент, модел, мостра, стоковен и услужен жиг, ознака на потеклото на производот).
 
Службено лице за посредување со информации и посредување со информации
Секој имател на информации за посредување определува едно или повеќе службени лица при остварувањето на правото на слободен пристап до информации. Службено лице за посредување со информации на ООУ „Кирил и Методиј“ – Стајковци  е:
 
Елена Темелкоска
телефон 02 2553 546
мобилен 072 270 844
Барање за пристап до информации од јавен карактер (pdf)
Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер
Basic Images: