ОГЛАСНА ТАБЛА

Европска недела на мобилност



Конкурс за избор на првенец на генерација 2014-2023


Анкетен лист за изборни предмети во петто одделение


Конкурс за избор на првенец на генерација


Оглас за упис на првачиња во учебната 2022/23 година


Одлука за изменување и дополнување на одлуката за превентивни препораки


Почеток на второ полугодие



К О Н К У Р С

Татковината се сака со дела, со грижа за околината, со творење и желба да се биде активен на сите полиња.
Драги ученици земете учество на наградниот конкурс!


Покана и протокол за прием на првачиња


Конкурс за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2021/2022 година


Е-НАСТАВА
Почитувани ученици и родители,
Тимот наставници од нашето училиште изминатите денови напорно работеше и направи е-платформа во рамки на училишната веб-страница, на која се споделени материјали за
Е-УЧЕЊЕ од I - IX одделение.
Материјалите се на двата наставни јазика кои се користат во училиштето.
Учете безбедно од дома


Известување

Известување
Почитувани, 
Ве известуваме дека по препорака од Министерството за образование и наука, заради моменталната состојба со пандемијата КОВИД-19, во насока на заштита на здравјето на учениците, вработените во училиштата и поширокото население, 
ООУ ”Кирил и Методиј" Стајковци свидетелствата на учениците од прво до осмо одделение ќе ги подели на почетокот на месец септември. Учениците кои имаат потреба од нивно издавање од оправдани причини (преселба или слично) може да се обратат кај одделенските раководители.
Исто така, Ве известуваме дека во месец септември ќе се враќаат учебниците со кои се задолжени учениците и ќе бидат доделени учебници за новата учебна година.
Ви посакуваме добро здравје и пријатен одмор.

Оглас за запишување ученици во прво одделение во учебната 2020/2021 година

ООУ „Кирил и Методиј“ објавува оглас за запишување првачиња во учебната 2020 / 2021 година. 
Подолу може да го преземете електронскиот формулар за упис (во македонска или албанска верзија), кој треба да го пополните и да го пратите на upisprvo.coukirilimetodij@yahoo.com најдоцна до 31.05.2020 година.
По прием на формуларот, ќе бидете контактирани за закажување термин за тестирање, на кој треба да ги донесете и посочените документи. 
Со почит,
ООУ „Кирил и Методиј“

Уредба од Владата на РСМ

Почитувани ученици, родители и наставници,
На 26-та седница на Владата, донесена е Уредба со законска сила за примена на Законот за основното образование за реализација и организација на наставата во основните училишта и за оценувањето на учениците за времетраење на вонредната состојба.
Според одредбите од оваа уредба со законска сила, наставата во основните училишта се организира преку далечинско учење, односно учење од дома, со примена на средства за електронска комуникација.
Средства за електронска комуникација, во смисла на оваа Уредба, се средства кои обезбедуваат реализација на наставата без заедничко физичко присуство на учесниците во наставниот процес и кои овозможуваат взаемна двонасочна комуникација.
Средства за електронска комуникација можат да бидат видео-конференциски платформи, електронска пошта или други системи за електронска размена на податоци.
За употреба на видот на средствата за електронска комуникација од став 2 на овој член, одлука донесува основното училиште.
За периодот на организирање на наставата во основните училишта преку далечинско учење, односно учење од дома, наставникот може да изврши оценување на учениците.
Со примена на средствата за електронска комуникација може да се спроведат испрашувања, тестирања на учениците или да се користат други форми на утврдување и оценување на знаењето на ученикот.

Влада на РСМ


Национална платформа E-Училница
Драги ученици, почитувани родители и наставници,
Со донесувањето на уредбите со законска сила и воведувањето на далечинско учење, односно учење од дома, покрај средствата за електронска комуникација кои се применуваат од страна на нашето училиште, и покрај ТВ-Училница, своето знаење можете да го надградите и со користење на националната платформа Е-Училница.
Ако гледаме од позитивна перспектива, ние, всушност, ја префрливме само физичката средина за учење. Е-училницата нѝ помогна на сите нас да се обединиме и да ги искористиме сите ресурси за учење, кои нудат неограничени можности.
Огромна благодарност до сите вас за соработката, а на Вашите наставници особено, затоа што покажаа дека се вистински професионалци, бидејќи активно ја ажурираат училишната веб-платформа, но голем број од нив се вклучија и во ажурирање на националната веб-платформа.
Учете и забавувајте се! Бидете дома на безбедно и чувајте се!
Новата дигитална платформа со видео-настава и активности за учење преку игра е достапна на:

Продолжување на мерката за ослободување од работа 
Почитувани родители,
Ве известуваме дека се продолжува важноста на претходно обезбедените потврди на име на родителот корисник на мерката за ослободување од работа поради грижа за дете со навршена возраст до 10 години.
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Почитувани родители / старатели, 
Ве известуваме дека училиштето, согласно препораките од МОН, ќе организира ротациони дежурства за излегување во пресрет на Вашите потреби од потврди и останати документи. 
Дежурствата ќе се организираат секој работен ден од 09:00 до 12:00 часот.
Уште еднаш Ве потсетуваме дека ослободувањето на учениците од настава не е распуст, туку превентивна мерка за заштита и спречување на понатамошно ширење на вирусот кој претставува глобална опасност. Затоа, Ве молиме, почитувајте ги препораките и не го користете училишниот двор како место за дружење и забава.
Ви благодариме на разбирањето.
Со почит,
Директор

Издавање потврди
Почитувани родители во ООУ „Кирил и Методиј", 
Училиштето направи напори да излезе во пресрет на Вашите барања, имајќи ја предвид новонастанатата состојба и препораките од надлежните институции.
Според списоците што ги доставивте во комуникација со одделенските раководители за потребата од издавање потврда од училиштето, Ве известуваме дека потврдите се изготвени и може да ги подигнете на 13.03.2020 (петок) од 10:00 до 12:00 часот во просториите на училиштето. 
Истите може да Ви ги испратиме и електронски, доколку нѝ ја оставите Вашата електронска адреса.

Почитувани родители и соработници,
ООУ „Кирил и Методиј“
Ве известува дека од 11.03.2020 година (среда) ќе го прекине воспитно - образовниот процес,
како дел од мерките и активностите за превенција од ширењето на корона вирус.
Мерката е со траење од 14 дена, согласно Одлуката на Владата на РСМ, а по препорака на комисијата за заразни болести.
Со почит,
ООУ „Кирил и Методиј“