21 ФЕВРУАРИ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК


Среќен почеток


Новогодишна бајка "Гази Баба 2023" на плоштадот Автокоманда

Новогодишна бајка "Гази Баба 2023" на плоштадот Автокоманда во сабота од 18:00 часот!

Новогодишен музички хепенинг "Новогодишна бајка Гази Баба 2023" кој ќе се оддржи на ден 23.12.2023 година (сабота) со почеток во 18:00 часот на плоштадот во Автокоманда.

На настанот заедно со дечињата ќе биде Дедо Мраз со кого на сите присутни дечиња ќе им бидат подарени новогодишни пакетчиња.

За детската забава ќе се погрижи детскиот фестивал Поточиња, а незаборавно дружење со децата ќе имаат омилените улоги од цртаните филмови.

Ги повикуваме сите дечиња да дојдат заедно да пееме, да се радуваме и да другаруваме!


Новогодишен хепенинг


ПОВИК ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЧКИ ПРАВОБРАНИТЕЛ И ЗАМЕНИЦИ

ООУ „Кирил и Методиј“ - Стајковци објавува повик за избор на ученички правобранител и заменици на ученичките правобранители.
Ученичкиот правобранител е ученик што ќе се грижи за заштита и почитување на правата на децата во училиштето, кој ќе има обврска да ги промовира правата на детето, да препознава повреда на детските права во рамките на училиштето и да ги пријави сите случаи на повреда на детските права до надлежните органи во и надвор од училиштето (училиштен кадар и Народен правобранител).
I. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО
Право на пријавување за функцијата ученички правобранител имаат учениците од 7 и 8 одделение.
Право на пријавување за функцијата заменик на ученичкиот правобранител имаат учениците од 7 и 8 одделение.
II. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Документи за пријавување: пријава и мотивационо писмо.
Заинтересираните кандидати можат да подигнат пријава од психологот во училиштето. Потребно е кандидатите да ја пополнат и да ја достават пријавата до психологот.
Мотивационо писмо се доставува во слободна форма.
Краен рок за поднесување на документите: 10.10.2023 година
III. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР
Избор за ученик правобранител и негови заменици вршат учениците од 7 и 8 одделение според следните критериуми:
– пол,
– возраст,
– основно познавање на детските права,
– мотивација за пријавувањето,
– комуникациски и организациски способности,
– етничка припадност,
– претходно искуство, односно вклученост во воннаставните активности.
IV. ЗАДАЧИ И ОБВРСКИ на ученичкиот правобранител и неговите заменици:
  • учество на воведна обука за улогата и обврските на ученичкиот правобранител, организирана од страна на стручната служба (тимот за поддршка на ученичко учество);
  • промовирање на правата на детето во училиштето преку едукативни – врснички работилници и информа- тивни настани;
  • прибирање на претставки – поплаки од учениците (препознавање на прекршување на детските права и обезбедување заштита за почитување на детските права);
  • редовна комуникација и координација со стручната служба.
Мандатот на избраниот ученички правобранител и замениците на правобранителите е 2 (две) учебни години.
Среќно на сите кандидати!!! 
 
03.10.2023 година
 
в.д. директор
Елена Антонова                                                   

Среќен почеток драги ученици!


,

Европска недела на мобилност


Соопштение за првачиња


,

Конкурс за избор на првенец на генерација 2014-2023


Анкетен лист

Анкетен лист за изборни предмети во петто одделение


Страници