МИО во редовната настава 2015

Во рамките на редовната настава, нa 09.11.2015 год. одделенските наставници Адријана Сандева, Весна Величковска и Музафера Шабани реализираа заедничка работилница од проектот МИО со подрачното училиште од Страчинци.
Работилницата беше насловена „ШТО Е CKA/NEDIR - CKA/NE’DIR E ШТО“
Овој час беше реализиран со цел учениците:
- да развијат свест за рамноправен третман на различните етнички заедници;
- да научат зборови/фрази на јазикот на „другите“;
- да развијат почит кон „другите“ преку запознавање со нивната култура.
Во рамките на МИО проектот научивме:
Јазикот е основа за комуникација. За да можеме да комуницираме, треба да имаме барем основни познавања на јазикот на оној со кого комуницираме. Ако сакаме да викнеме некого да игра со нас или да ни помогне, корисно е да знаеме како тоа се вели на неговиот јазик.