MK
EN
Еразмус+ проект „Поттикнување на културната свест преку бајките“
Сре, 22/1/2025
Од 13.1 до 17.1.2025 година, преставници од нашето училиште беа на мобилност во Венетико, Сицилија од Еразмус+ проектот „Поттикнување на културната свест преку бајките“.
Имаа можност да се запознаат со училиштата на партнерите преку видео презентација и на ист начин го претставија и нашето училиште.
Пет дена беа исполнети со учење и дружење преку користење на најразлични алатки за наставата.
Преку пишување бајки и кратки приказни се создаваа текстови за глума.
Беа посетени културни знаменитости карактеристични за тој дел на Сицилија: замокот во Милацо, Музејот на море Мума, селото Рокавалдина и замокот во кој се уште живеат неговите наследници, астрономскиот часовник на катедралата во Месина.
|