MK
EN
Игри без граници меѓу ученици и наставници
Саб, 30/3/2024
По иницијатива на Ученичкиот парламент, во двете училишни згради беа реализирани натпреварувачки активности насловени како “Игри без граници меѓу ученици и наставници“.
Во деновите 27 и 28 март нашите ученици и наставници си го земаа мегданот во натпреварувачки активности, при што со смеа, меѓусебно помагање и забава за сите, поминаа убави моменти за паметење.
Наставниците се вратија во детството, а учениците беа рамноправни со наставниците. Средствата собрани од партиципација на учесниците ќе бидат наменети за потребите на учениците.
Многу убави мигови за подобрување на демократската клима во училиштето и еднаков третман на сите!
|