Интерактивна куклена претстава „Другарство“

Денес во нашето училиште, учениците од прво до петто одделение ја проследија интерактивната куклена претстава „Другарство“ на тема врсничко насилство во реализација од Театарот Провокација.

Во оваа претстава станува збор за другарството и сето она што го подразбира вистинското другарство. 

Порано под другарство се подразбираше некој со кој си постојано заедно, си кажуваш тајни, играте надвор криенка, ластик, фудбал и други игри, но во денешно време под поимот другарство се крие некој кој и не мора да го познаваш, туку заедно поминувате време преку игри на компјутер или телефон и на  тој начин комуницирате.

Меѓусебното одалечување на децата поради новиот начин на живот наречен „дигитализација“ е клучната тема на оваа претстава.

Целта е децата да увидат дека поминатото време надвор со своите врсници ништо не може да го замени, и дека навистина некој што го запознаваш преку компјутер не може да ти помогне толку многу како што тоа може да го направи некој кој постојано е со тебе.

Низ игра, смеа и забава да ги поттикнеме дечињата да излезат надвор од тие четири ѕида.