Филозофија со деца за поширока социјална инклузија

ООУ „Кирил и Методиј“ е пилот училиште дел од Еразмус проект „Филозофија со деца за поширока социјална инклузија“ кој се рализира со партнерство со Филозофскиот факултет при УКИМ - Скопје, Националниот универзитет - Атина и Филозофско друштво на Словенија.

За пилотирање на програмата во нашето училиште ќе се реализираат вкпно 18 часа (еден час неделно) во IV-1 одделение.

Филозофијата дава можност да размислуваат за прашања што досега биле отсутни од наставните програми, ги поттикнува учениците на критичко мислење, им помага да аргументираат, да решаваат проблеми од секојдневниот живот, а пред се ќе им го олесни учењето.