MK
EN
Последна мобилност од проектот "Let's beat bullying together"
Нашите ученици и наставници кои се во посета на Шведска овие денови успешно го претставуваат нашето училиште преку разни активности. Наставниците посетија неколку училишта во кои се изведува настава од прво до шесто одделение и се запознаа со нивниот начин на работа, а потоа се вклучија во активности со свирење на инструменти, изработка на алки и на крајот сите заедно остварија средба со полициски службеник кој беше во посета на училиштето. Сите ученици вклучени во проектот изработија видеа и презентации врз основа на предходно направени интервјуа меѓу учениците и наставниците на тема врсничко насилство, а една од нашите ученички учествуваше во интервју за локален весник. Учениците имаа можност да научат како се подготвува ФИКА - традиционална слатка шведска закуска. Со заедничко дружење и поделба на сертификатите заврши последната мобилност од проектот "Let's beat bullying together". Во текот на утрешниот ден учесниците во проектот од Македонија, Шпанија, Шведска, Турција и Италија ќе го посетат главниот град на Шведска Стокхолм. |