Еурофронт натпревар за програмирање во Scratch (9-11 години)

Ученичката Ана Антовска од V-1 одделение под менторство на одделенскиот раководител Габриела Андовска учествуваше на Едуфронт натпревар за програмирање во Scratch за деца на возраст од 9 до 11 години. Целта на овој натпревар беше да се зголеми свесноста за најважната писменост на 21 – от век – дигиталната писменост кај децата, да се поттикне развивање и усвојување на дигитални вештини кај децата од рана училишна возраст. Натпреварот се состоеше од теоретски дел со прашања за познавање на програмскиот јазик Scratch и практичен дел – самостојна изработка на Scratch проект на зададена тема „Поглед кон иднината“.

Ученичката Ана Антовска освои 40/50 поени и се здоби со сертификат за успешно учество во натпревар за програмирање во Scratch.