Erasmus+ project Europe takes a breath

Во периодот од 16-20.05.2022 година се реализираше петтата мобилност од меѓународниот КА229 Erasmus+ проект, “Europe Takes a Breath” / „Европа зема здив“, на која учествуваа наставници и ученици од Македонија, Шпанија и Грција. Домаќин на мобилноста беше Полска од основното училиште во полскиот град Сиераџ - Szkola Podstawowa nr 4 im. Marii Konopnickiej. Претставници од нашето училиште беа наставниците: Биљана Арсова, Александра Накева и Дијана Илиевска и учениците Мелани Козарова (VIII-2), Даријан Величковски (VII-1) и Благојче Величковски и Александар Додевски (VII-2). Мобилноста опфати учество на едукативни работилници и игри, посета на институција за животна средина во Лоѓ, фабриката Изодом за производство на елементи за термо изолација на домовите во Здунска Вола, универзитетот за природни науки и технологија во Краков, посети на културно историски знаменитости, катедрали, замоци, национален парк и најстариот рудник за сол Виеличка. Преку различни активности, учесниците на мобилноста имаа можности да стекнат нови знаења и низа вештини а воедно се здобија и со сертификати за учество. Наставниците и учениците учесници на мобилноста преку видео ја извршија дисеминацијата на кое го пренесоа искуството што го стекнаа на мобилноста и придобивките од реализираните активности од проектот.