Отворен младинскиот клуб во Месна заедница Стајковци

Отворен младинскиот клуб во Месна заедница Стајковци, на иницијатива на Ученичкиот парламент од ООУ "Кирил и Методиј" Стајковци. Нашите ученици пишуваат историја, како пример за демократска партиципација и меѓуетничка интеграција со другите училишта од Општината. Благодарност за огромната поддршка во промовирањето на младинскиот активизам до Младински образовен форум (МОФ), МЦГО и МИМО проектот на УСАИД како и поттикот од сите нив при реализацијата овие идеи на учениците да станат реалност и да се зајакнат комуникациите на младите со институциите.