Втор ден Еразмус+ (08.03. 2022)

На вториот ден од хибридната мобилност во рамки на Еразмус+ проектот „Европа зема здив“, наставниците и учениците проследија едукативно предавање на тема „Влијание на загадувањето на воздухот врз респираторниот систем“, реализирано од страна на др.Тамара Ангеловска. Учениците имаа можност да го надградат своето знаење за влијанијата на загадувачките супстанции во воздухот врз здравјето на луѓето. Потоа следуваше уште едно едукативно предавање од страна на Горјан Јовановски, долгогодишен активист на полето на чист воздух а воедно и основач на апликацијата за мерење на квалитетот на воздухот „Мој воздух“ – „AirCare“, кој ја истакна важноста за зголемување на јавната свест околу борбата против аерозагадувањето . На крајот се реализираше посета на Водно, каде наставниците и учениците искусија живописно патување со жичарница од Средно Водно до Милениумскиот Крст.