Продолжување на зимскиот распуст

Почитувани ученици и родители,

ООУ „Кирил и Методиј“ – Стајковци, Ве известува дека Владата на Република Северна Македонија на 17.01.2021 година, донесе одлука почетокот на второто полугодие на учебната година за основните и средните училишта да се одложи, односно наставата со физичко присуство да продолжи на 1 февруари, согласно заклучокот од Главниот координативен кризен ковид-19 штаб и согласно епидемиолошките информации дека земјата се наоѓа во пик на заразата.