Прием на ученици во Училишната библиотека

Денес, 27.12.2021 год. свечено беа зачленети вторите одделенија во училишната библиотека. Нивните другарчиња од III-V одд. од централното и подрачното училиште изведоа пригодна програма со рецитации, скечеви, драматизации и музички точки со научени нови вештини за да предизвикаат незаборавни моменти на забава и дружба во предновогодишен амбиент.