Работилница по повод 4-ти Ноември (Интернационален ден против врсничко насилство во училиштата)

По повод 4-ти Ноември, интернационалниот ден против насилство и булинг во училиштата, вклучувајќи и насилство на социјални мрежи (сајбербулинг), ученици од централното и подрачното училиште-членови на Ученички парламент, новинарска секција, ликовна секција и учесници во Еразмус плус проектот под наслов "Let's beat bullying together", заедно со своите ментори реализираа работилница со цел да придонесат во борбата против врсничко насилство и нетолеранција.