MK
EN
Одбележување на 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба
23 Октомври е Денот на македонската револуционерна борба Празникот се празнува по повод основањето на Македонската револуционерна организација на овој датум во 1893 година. На овој ден, во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун се собрале шестмина млади луѓе кои се договориле да започнат борба за ослободување од повеќевековната османлиска власт. Основоположниците на оваа организација биле: Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев. Формирањето на МРО значело почеток на организираното македонско револуционерно движење, кое преку Илинден 1903 и Крушевската Република, а потоа преку Народноослободителната борба (НОБ) резултирало со создавање современа самостојна македонска држава. Овој датум се поврзува со организираната борба на македонскиот народ и народите кои живееле Македонија за формирање независна држава. Во политичка смисла, борбата за автономија значела формирање самостојна држава и затоа 23 Октомври симболизира континуитет на македонската борба за независност. Нашето училиште им го честита празникот на сите ученици, вработени и родители. |