Виртуелна мобилност Еразмус - Европа зема здив (втор ден)

На вториот ден од виртуелната средба во рамки на Еразмус+ проектот „Европа зема здив“, се примени гејмификација и учење базирано на игра.

Воедно, беа и направени неколку експерименти (ефекти на киселиот дожд врз морскиот екосистем, ефекти на киселиот дожд врз екосистемот, загадување поради термичка инверзија и зголемување на нивото на морето).