- MK
- EN
Виртуелна работилница од Еразмус проект „Европа зема здив“ (прв ден)
Пет, 01/10/2021
Во рамки на Еразмус+ проектот „Европа зема здив“, од 27-ми септември отпочна 5-дневна виртуелна мобилност, во организација на партнер-училиштето од Шпанија. Координатор на проектот е Полска, а останатите партнер-училишта се од Италија, Грција и, секако, нашата земја. На првиот ден од виртуелната мобилност, наставниците дискутираа за тековните активности од проектот, додека учениците учествуваа во работилница, каде преку видеа меѓусебно се претставуваа и запознаваа. Активностите се реализираа со користење на online-платформите Google Classroom и Zoom. |