Завршни спортски игри

На 08.06.2021 година, ученици од VIII и IX одделение при ООУ „Кирил и Методиј“ општина Гази Баба, учествуваа на завршните спортски игри во организација на СУС Скопски регион при ФУСМ, со поддршка на АМС на Македонија, под мотото „Ние сме училишен спорт - стоп на пандемијата“. На овој настан учество земаа 200 ученици од основните и средните училишта на град Скопје, заедно со своите наставници по физичко и здравствено образование. Од нашето училиште учествуваа учениците Матеја Трајковска,Татјана Јовановска, Блага Цветковска и Сара Јосимовска, со наставникот Дарко Костовски. 

Учесниците беа поздравени од претседателот на СУС Скопски регион м-р Глигор Христов, претседателот на ФУСМ проф.д-р Александар Туфекчиевски и директорот на сектор Спорт при АМС на Македонија, Огнен Стојановски.