Обезбедување асистивна технологија

Инклузијата е еден од трите столба на воспитно образовниот систем, а учениците со потешкотии во развојот треба да добијат шанса да ги развиваат своите потенцијали во една безбедна и инклузивна средина. Освен сензорна соба и дидактички материјали, ООУ "Кирил и Методиј" Стајковци, согласно Планот за јавни набавки, обезбеди и АСИСТИВНА ТЕХНОЛОГИЈА, за подготвено да ја дочекаме новата учебна година.