Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина

„Незапирливи“ е мотото на годинешното одбележување на 8-ми Мај, Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, кое произлегува од активностите на оваа хуманитарна организација во текот на изминатата година при справувањето со последиците од глобалната пандемија.

Заедно, ќе продолжиме да бидеме незапирливи во нашите напори да изградиме похумано општество, во кое достоинството и добросостојбата на граѓаните ќе бидат најважни од сѐ.