Презентација на СГГУ „Здравко Цветковски" на деветтоодделенците

Училиштето им помага на учениците и родителите / старателите при избор на средно училиште, согласно особеностите, способностите, афинитетите и интересите на учениците.

Како дел од својата Програма за професионaлна ориентација на учениците, денес СГГУ на ГС „Здравко Цветковски" од Скопје одржа презентација на Microsoft Teams за своето училиште пред нашите ученици од деветто одделение.