- MK
- EN
Избор на лого за проектот „Да го победиме врсничкото насилство заедно“
Нашето училиште, како што веќе знаете, се вклучи во уште еден Еразмус+ проект под наслов ,,Да го победиме врсничкото насилство заедно" (Let's Beat Bullying Together). Координаторот на проектот е Шведска, а партнери се Италија, Турција, Шпанија и, секако, ние, Македонија. Поради ситуацијата со пандемијата, проектот од 24 месеци е продолжен на 36 месеци и поради тоа и активностите се поместени. На 25 март 2021 година се направи избор на лого за проектот. Изборот се вршеше по принцип на гласање од типот како што се гласа за Евровизија, односно секоја земја гласаше за логото на другите земји. Во потесниот избор влегоа логото на Шведска и логото на Македонија. На 26 март 2021 година, останатите партнери направија уште едно гласање помеѓу двете логоа и логото на нашето училиште беше избрано за лого на проектот. Во изготвувањето на логото учествуваа учениците и наставниците и психологот, за на крај да бидеме победници и нашето лого да стои на сите изработки на проектот. |