MK
EN
Глобална недела на парите и штедењето
По повод Глобалната недела на парите и штедењето, учениците од III-IX одделение учествуваа на online-предавање за финансиска едукација, реализирано од страна на Меѓународната организација за финансиска едукација на деца и млади (Child and Youth Finance International), која се одржува на светско ниво од 2012 година. Темата на овогодинешната Глобална недела на парите е „Парите имаат значење“, со цел младите луѓе да се запознаат со функциите и задачите на Народната банка, да научат мудро да управуваат со парите што ги поседуваат, да штедат за својата иднина и да ги подобрат своите вештини при користењето финансиски услуги. Предавањето го организираше НБРСМ, а го реализираа Оливера Пановска и Кристина Павлеска. |