Одбележување на Денот на рециклирањето

Намали, повторно употреби, рециклирај!

Како да го намалиме количеството отпад кое го создаваме, а завршува  на депониите?

Учениците од VI/1 и VI/2, под менторство на наставничката по природни науки, Сашка Крстевски, го одбележаа Денот на рециклирањето, 18-ти Март.

Во име на овој значаен ден за нашата планета, се потрудија да ни го покажат најдобриот и најлесниот пат до зачувување на единствениот дом на сите нас.

АЈДЕ ДА РЕЦИКЛИРАМЕ!