Курс за аргументирано изразување

Учениците од ученичкиот парламент на ООУ "Кирил и Методиј" и тимот наставници и стручна служба присуствуваа на Курс за аргументирано изразување. Обуката ја реализираа експерти - волонтери од Младинскиот образовен форум. Срдечна благодарност до МОФ за нивните заложби и поддршка при формирање на нашиот дебатен клуб. Придобивките од поттикнувањето на критичкото размислување кај учениците се долготрајни и непроценливи.