Од младите за младите

Со цел подигнување на свеста и знаењето кај младите за сексуално преносливите болести и разбивање на предрасудите и табу темите на оваа возраст, денеска се одржа врсничко предавање со учениците од деветто одделение од ООУ "Кирил и Методиј", Стајковци.

Предавањето на тема: "ХИВ/ СИДА и сексуално преносливи инфекции" го реализираат секоја година волонтери од Црвен Крст на РСМ при општина Гази Баба. Оваа година врснички едукатор на темата беше Јована Ангеловска, ученик од четврта година во СУГСГ "Раде Јовчевски - Корчагин". Огромна благодарност за професионалноста на едукаторот и заинтересираноста на нашите ученици.