Сензорна соба

Водејќи се од мисијата да бидеме училиште со здрава клима и пријатна атмосфера за работа кое создава личности со високи морални вредности, меѓусебно почитување, толеранција, доверба и почит, денес го одбележавме Меѓународниот ден на човековите права преку отварање презентирање на ученичките иницијативи и пуштање во употреба на новата сензорна соба. На отворениот ден за граѓанско образование, присуствуваа министерката за образование и наука, госпоѓа Мила Царовска и градоначалникот на општина Гази Баба, господин Борис Георгиевски. Присуствуваа и бројни медиуми, членовите на инклузивниот тим и претставници од Советот на родители, Училишниот одбор и Ученичкиот парламент. Сите тие ја препознаа нашата заложба за најдобар интерес и целосен развој на ученикот; еднаквост, достапност, пристапност и инклузивност и активното учество на учениците во училиштето и заедницата. ВИ БЛАГОДАРИМЕ НА ПОДДРШКАТА!