Посветени на Гази Баба

Градоначалникот и неговиот тим во посета на ООУ „Кирил и Методиј“ за лично да ги достават електронските уреди за нашите ученици. Огромна благодарност за грижата, посветеноста и излегувањето во пресрет на потребите на училиштата за обезбедување квалитетна настава. Донирани се и нагледни средства, кои ќе бидат од корист за наставата по природна група предмети.

Тимот во ООУ "Кирил и Методиј" успешно, според насоките и протоколите, ја спроведе хуманитарната акција за донација на електронски уреди за учениците кои имаат потреба. Од денес сите наши ученици ќе имаат можност да ја следат наставата на далечина.