Видео спот на полуматурантите - генерација 2011-2020

Драги наши полуматуранти, 

Вашите години се специјални, прекрасни и неповторливи, но и поразлични од генерациите пред вас и после вас. Спотот кој го направивте ја документира учебната година, која полека изминува, а беше полна со успеси, но и многу предизвици за вас.
Генерацијата 2020 ќе биде запаметена по многу нешта, но најмногу по вашата трпеливост, одговорност и свесност да го ставите својот живот на чекање, за да ги заштитите своите најблиски. Посебни сте од многу причини, но најмногу заради тоа што успеавте да го одржите ентузијазмот, да се прилагодите на состојбата и да барате можности да бидете заедно сплотени, макар и виртуелно. Ние возрасните секојдневно учиме од вас и многу сме горди и благодарни што имаме вакви прекрасни деца со извонредни идеи. Вашето видео е придонес за ова наше уникатно одбележување на роденденот на училиштето, кое ќе се памети како трајна вредност за идните генерации. Ова е ваше училиште, во кое сте добредојдени за секоја наша поддршка.
Ви благодариме од се срце,
Директор Анита Ангеловска и колективот