Конкурс за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2020/2021 година
Драги ученици и родители, Конкурсот за запишување во средно образование е во прилог. Разгледајте ги опциите, можностите и желбите и за било какви прашања обратете се кај Вашите наставници или во порака на страната на училиштето. Доколку имате прашања до средните училишта во кои сакате да се запишете, направете една база, а училиштето ја презема обврската да ги постави институционално до раководството и да ви одговори. За сите насоки, измени и препораки, ќе бидете навремено информирани на нашите ФБ и ВЕБ страници. Останете дома, бидете добро и размислувајте за вашата иднина. Конкурс за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2020/2021 година ↗ |