Ден на розевата маичка 2020

BULLYING ENDS HERE... LIFT EACH OTHER UP... #pinkshirtday

ООУ „Кирил и Методиј" ја дава поддршката во одбележување на Денот на розевата маичка (Pink Shirt Day), кој симболично има цел да ја подигне свеста кај учениците за спротивставување на секаков вид насилство и спречување на насилството меѓу врсниците во училиштата.

Одбележувањето на овој ден започнува во 2007 година, кога Дејвид Шепард и Тревис Прајс биле сведоци на насилство врз едно момче од нивното училиште, само заради розевата блуза која ја носело. Двајцата организирале утредента сите ученици да носат розево, купиле 50 розеви маички и ги делеле во училишниот хол. Нивниот потег испишал историја, а масовноста за поддршка против насилството се зголемува секоја година. Овој значаен ден се одбележува во последната среда од февруари.

Со низа активности, и нашите ученици дадоа поддршка во спречување на врсничкото насилство.