Работилница за развивање свесност за лицата со попреченост 2020

На 19.02.2020, во нашето училиште се одржа работилница од страна на Здружението на студенти по специјална едукација и рехабилитација, во која учениците од VII до IX одделение се запознаа со знаковниот јазик и брајовото писмо. 

Целта на оваа работилница беше учениците да ги увидат различните попречености кои ги имаат луѓето и како да ги надминат бариерите кои општеството свесно ги наметнува врз лицата со попреченост.