Mеѓународен поетски натпревар на француски јазик 2020
Саб, 01/2/2020
Нашите поети од VII и VIII одделение напишаа 7 поеми за учество на меѓународен поетски натпревар на француски јазик на тема „Планетата денес и утре“, организиран од страна на Центарот на УНЕСКО во Франција. Резултатите ќе бидат објавени на 22-ри Април - Денот на планетата Земја. Честитки за вложениот труд на: - Јована Јовановска, Сара Томовска, Ева Христова, Ива Димовска (VII одд.) - Елена Апостоловска, Анастасија Антовска, Ангела Трифуновска, Татјана Јовановска и Елена Миткоска (VIII одд.) Им посакуваме успех во натпреварувањето! Ментор: Елена Блажевска |