Посета на институција во нашата населба 2020

Според програмата за 4-то одделение, предвидена е посета на институција во нашата населба. По тој повод, учениците од IV-1 и IV-2 jа посетија фирмата Оли-шпед, каде беа пречекани од прекрасниот тим на вработени, кој на интересен начин им ја презентираше работата на фирмата.

На крајот од посетата беше приредена мини-забава во делот за одмор, а за секој ученик имаше и по еден симболичен подарок.

Благодарност до фирмата Оли-шпед за нивниот срдечен пречек!