Новогодишна работилница со родители 2019
Вто, 17/12/2019
Нашите вредни првачиња, заедно со родителите и одделенскиот раководител, Дијана Илиевска, креираа „магични" новогодишни катчиња. Креативноста, соработката, учењето преку игра, како и практичната и проектна работа се дел од нашите образовни цели, кои ги остваруваме со заедничка посветеност и мотивација. |