Гостување на писателката Јадранка Клисарова 2019

На 05.12.2019 година, во нашето училиште гостуваше писателката Јадранка Клисарова, при што учениците од трето одделение имаа можност да се запознаат со писателот како литературен творец.

Писателката им го престави на учениците начинот на кој таа твори литературни дела и од каде се инспирирани темите и мотивите на нејзиното творештво. Учениците ги примија со воодушевување пораките во расказите, кои најчесто произлегуваат од нејзиното искуство со учениците како одделенски наставник. 

Учениците со задоволство ги разменуваа своите усвоени впечатоци и знаења, конкретно од лектирата „Децата од моето училиште“ и поставуваа прашања во врска со сите раскази. 

На особено задоволство на писателката, учениците ѝ подарија книга со впечатоци, а играа и квиз поврзан со расказите од лектирата.

На крајот од средбата, учениците дополнително се интересираа за нејзиното литературно творештво, инспирација и работа како писател и беа задоволни од добиените одговори.