Меѓународен ден на лицата со попреченост 2019
Вто, 03/12/2019
По повод 3-ти Декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, во нашето училиште се одржа „шарена" работилница со дечиња на различна возраст, со различни способности и можности. Заедно се споивме и изработивме активности кои нѝ помогнаа да ги отстраниме предрасудите кон лицата со попреченост. Мотото на настанот беше „Сите заедно да живееме над границите". |