Европа зема здив 2019 - 4

Проект Еразмус+: Европа зема здив / Erasmus+ Project: Europe Takes a Breath

20.11.2019

..."Зевс заедно со Европа имал син, Минос, кој подоцна станал крал на Кносос, Крит како и целиот егејски басен. Минос живеел за време на херојскиот период, а владеел три генерации пред почетокот на Тројанската војна...Легендата вели дека секоја деветта година одел во пештерата Иду каде што Зевс го советувал како да владее...Откако седнал на тронот на Крит, Минос се натпреварувал со своите браќа за да владее. Притоа, тој му се помолил на Посејдон, богот на морето, да му испрати еден силен бик, како знак за поддршка. За да го казни Минос, Посејдон направил неговата жена, Пасифаја да се вљуби во бик. Минос во својот двор го држел познатиот митски градител Дедал кој за него ја изградил грандиозната палата и познатиот лавиринт во кој бил сместен Минотаурот, синот на Миносовата жена Песифаја и бикот. За Атињаните тој бил бездушен тиранин кој ги жртвувал нивните деца на Минотаурот, кои Атина требала да ги испраќа секоја година како данок..."

Нашата еразмус група денес беше дел од оваа приказна, во древниот град Кносос, каде илјадници години пред новата ера настанала минојската цивилизација, прва во Европа. Тука се родило и најстарото писмо на европска почва. Артур Еванс е археологот кој ја разврзал магичната енигма за древниот град.

Многу освојувачи оставиле траги во Ираклион, денешниот главен град на Крит, но тој како Феникс се издигал од огнот и успеал да опстои илјадници години...Европа треба да земе здив и да дише воздух каков што заслужува...Не случајно активностите на Проектот започнуваат токму тука, кај корените на европската цивилизација...да се потсетиме дека опстанокот на човештвото зависи од нас, а развојот на општеството не смее да води кон самоуништување...