Ден на албанската азбука 2019
Чет, 21/11/2019
По повод Денот на албанската азбука, наставниците од подрачното училиште во Страчинци, заедно со своите ученици од I до IX одделение, организираа свечен настан, на кој низ рецитали, игра и песна го одбележаа овој ден и ја искажаа важноста на азбуката. Од име на директорот, м-р Анита Ангеловска, и севкупниот персонал од ООУ „Кирил и Методиј“ - Стајковци, го честитаме празникот на нашите колеги и ученици. |