Ученичка квизотека (прв круг) 2019
Чет, 14/11/2019
На 14.11.2019 година, во просториите на ДКЦ „Карпош“ - Скопје се одржа натпревар во рамките на првиот круг натпревари од „Ученичка квизотека“ (2019/2020). На натпреварот учествуваше и нашето училиште, ООУ „Кирил и Методиј“ - Стајковци, кое се претстави со свои натпреварувачи (Бранка Накова, Дарко Трајковски и Марко Поповски), под водство на менторот Елена Темелкоска. Натпреварувачите покажаа одлични познавања од областите во кои се натпреваруваа и обезбедија учество во вториот круг натпревари. Честитки за овој значаен успех! |