Прием на првачињата во Детската организација 2019
Чет, 10/10/2019
„Во овој момент ветувам на сиот глас...“ - ечеше гласот на нашите првачиња, кои денес официјално зачекорија во Детската организација во една прекрасна и свечена атмосфера, за што се погрижија нивните другарчиња, наставниците и специјалните гости, како финале на активностите предвидени за Детската недела.
Во централното училиште „Кирил и Методиј“ во Стајковци настапи нашиот познат аниматор Војче Китановски, а во подрачното училиште во Страчинци играорната група од ООУ„25 Мај“.
Упатуваме благодарност на сите што учествуваа во подготовките и реализацијата. На првачињата им посакуваме училиштето да го чувствуваат како свој втор дом и да чекорат цврсто во животот со несебична поддршка од наставниците, родителите и соучениците.
Ветување
Во овој момент
ветувам на сиот глас
дека моите наставници
ќе ги почитувам јас.
Секоја задача ќе се обидам
со леснотија да ја решам,
но, ве молам, простете
ако некогаш згрешам.
Во овој момент
давам чесен татковински збор,
ќе се дружам со другарчињата
во училишниот двор.
|