Дводневна екскурзија 2019

На 09.10.2019 година започна дводневната екскурзија низ Источна Македонија со учениците од VI одделение, под водство на одделенските раководители Благица Србиновска и Маја Цекова.

Првиот ден опфати посета на античкиот град Стоби, винаријата Вила Марија, градот Дојран и граничниот премин Дојрани.
Оттаму, учениците се упатија кон Колешинските водопади, пред да се сместат во хотелот Илинден во Струмица.