Забавно-рекреативен ден 2019

Во рамки на проектот "Градиме иднина", на 05.10.2019 година се одржа забавно-рекреативен настан за учениците од основните училишта во Градскиот парк кај Школка, на кој тие имаа можност заеднички да се дружат, играат и забавуваат преку разни интерактивни активности, игри и песни.
На присутните ученици, родители и наставници им се обрати Министерот за образование и наука, Арбер Адеми, кој ја нагласи важноста од заедништво и сплотеност меѓу сите луѓе, без разлика на нивната националност.
Учениците од централното и подрачното училиште беа во придружба на наставниците Славица Анчевска и Северџан Касами, а настанот беше во организација на ОБСЕ.