Одбележување на меѓународниот Ден на учителите 2019

Професијата учител е благородна професија која едуцира, оценува и воспитува. Учителот го води воспитно-образовниот процес во училиштето и учествува во изградувањето на карактерот и знаењето на идниот граѓанин, подготвувајќи го за доживотно учење. 

Во тој контекст и вработените од ООУ „Кирил и Методиј“ го одбележуваат овој значаен меѓународен Ден на учителите, работно и свечено истовремено.

Директорот на училиштето, м-р Анита Ангеловска, реализира обука на тема: Формативно и сумативно оценување и изготвување објективни и есејски тестови на знаење. 

Истовремено, за време на паузите беше организиран коктел и свечено доделување дипломи, благодарници и скромни подароци за сите присутни. Само вака се штити честа и достоинството на наставничката професија. Не случајно во Јапонија, каде функционира еден од најразвиените образовни системи, царот единствено се поклонува пред учителот. 

Нека нѝ е честит Денот на учителите.