Транснационална средба во Букурешт, Романија 2019

На 17-ти и 18-ти септември, 2019 година, наставниците Биљана Арсова и Елена Блажевска учествуваа на транснационална средба во училиштето Petre Ghelmez во Букурешт, Романија, во рамки на проектот Broken Family Children од програмата Erasmus+.

На средбата беа презентирани примери на добра пракса и позитивното влијание на овој проект, кое резултира со значително зголемен интерес на учениците за вклучување во воннаставните активности, како и совладување и надминување на предизвиците и тешкотиите со кои се соочуваат во текот на наставниот процес.